ЛДП: За критичко мислење новинарите гнијат во затвор

Од:

Либерално демократската партија е згрозена од срамната и како што велат, недолична одлука на Кривичниот суд за продолжување на мерката притвор за новинарот Кежаровски за уште 30 дена.

„Случајот со новинарот Кежаровски целосно се вклопува во жалната слика за независноста и слободата на медиумите во Македонија. Се поприсутните судски злоупотреби врз основа на неадекватнто законодавство, недоследноста и нееднаквоста при носењето на судските одлуки, недостаток на пристап до јавни информации, физичко и психолошко насилство врз новинарите и сите оние кои ги подготвуваат информациите, злоупотреба на јавните и маркетиншки пазари, до застрашувачки размери го продлабочуваат медиумскиот мрак во земјата“, рече Роза Топузова Каревска.

Дека мерката притвор, која се развлекува во недоглед во Македонија, претставува казна, вели Каревска, зборува и фактот што политичките неистомисленици и неподобните новинари судењето го чекаат во зандана, а блиските пријатели на Груевски, како што самиот ги нарече, пресудата ја чекаат во удобните домови во друштво на родните и пријателите.

„За жал, Македонија се претвори во земја каде слободата на јавно искажано критичко мислење новинарите го плаќаат со драконски парични казни, гниење во затворите и несреќни случаи под неразјаснети околности. Со укинивање на притворот и можноста Кежаровски да се брани од слобода власта ќе прати позитивен сигнал дека има надеж за независното истражувачко новинарство и демократијата во земјата“, рече на прес конференција Топузова Каревска.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов

Форум на жени на ЛДП: Најостро го осудуваме навредливиот коментар упатен кон Силјановска Давкова

ЛДП: Недозволиво е вакво апсење на новинарот Салиу

Мишиќ: Од суштинско значење е потребите на младите да бидат пресликани во новите политики

Јакимовски за викенд -акцијата „Здрави навики“: Заедно со граѓаните се грижиме за здравјето и градиме здрави животни навики

ЛДП со иницијатива: Да се воведат лековите со кои се врши медикаментозниот абортус на позитивна листа на лекови