ЛДП: За изградба на небезбедниот „Црн Мост“, ВМРО-ДПМНЕ и Талески потрошија стотици илјади евра

Од:

„За изградба на небезбеден мост како што е „Црн Мост“, власта предводена од ВМРО – ДПМНЕ и нивниот миленик, Владимир Талески, потрошија неколку стотици илјади евра.

Ние, како опозиција, најпрво укажавме дека нема потреба од изградба на ваков кружен тек. Но, не бевме послушани и истиот се изгради. Тогаш, ние тврдевме дека тој не е добро осмсилен, тежок е за користење и претставува потенцијална опасност за сообраќајни несреќи. За жал ова наше тврдење се потврди синоќа, кога на ова место се случи сообраќајна несреќа во која беа повредени седум лица.

Со цел да се подобри безбедноста во сообраќајот во Општина Битола, ЛДП во Советот на Општина Битола ќе поднесе Иницијатива за преземање мерки за подобрување на безбедноста во сообраќајот во Битола“, рече Александар Касапов, советник од ЛДП во Советот на општина Битола.

 

Би можело да ве интересира

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција