ЛДП: ВМРО-ДПМНЕ лицемерно манипулира со чувствата на бранителите

Од:

Лицемерните реакции од страна на државниот врв, кои следат по инцидентот во Слупчане, каде припадници на АРМ се поклонија пред споменикот на УЧК, продолжуваат, укажува ЛДП.

„По повеќедневниот молк, Премиерот Никола Груевски конечно собра сили за да го изнесе својот став за немилиот инцидент. Но, наместо да го соопшти она што од него го очекуваше целата македонска јавност и на што беше повикан од ЛДП, а тоа е да побара одговорност од неговиот Министер за одбрана и да го разреши од функцијата, повторно се затскри зад послушниците во законодавниот дом. Крајно нечесно е пратеничката група на ВМРО –ДПМНЕ да манипулира со чувствата на бранителите и да поднесе закон за кој веќе неколку пати одлучно гласаа против“, велат од ЛДП.

За ЛДП, иницијативата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, како и постхумното одликување на Преседателот Иванов на загинатите припадниците на вооружаните сили, и тоа по цели 11 години, претставуваат изнуден, неискрен и популистички одговор на настанот во Слупчане.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?