ЛДП: Власта во заминување да не си игра со егзистенцијата на вработените во „Македонски железници“

Од:

„Шести ден патничките и товарните возови во Македонија не сообраќаат поради протестот на вработените во „Македонски железници“, кои бараат исплата на јануарската плата, а штети трпат и патниците и компаниите.

Ова е уште еден доказ како власта во заминување си поигрува со егзистенцијата на вработените во МЖ и воопшто со достоинството на човечкиот капитал во Република Македонија.

Последното случување во „Македонски железници“ е еклатантен пример за тоа како новите локомотиви, за кои беа платени 25 милиони евра – пари на граѓаните, беа набавени исклучиво за сликање и промоција на врхушката на ВМРО-ДПМНЕ пред медиумите, без притоа за истите да има инфраструктура која ќе може да ги валоризира нивните перформанси.

Го повикуваме менаџментот на МЖ да се однесува транспарентно и професионално, да не подлегнува на политички притисоци и да најде начин час поскоро го реши проблемот. Пред да замине од премиерската функција, Емил Димитриев да издвои средства од буџетот за покривање на загубите на МЖ и исплата на редовни плати за вработените“, соопштуваат од ЛДП.

„Заврши времето на понижување на работниците и нивниот труд. Човечкиот капитал ќе биде еден од врвните приоритети на новата влада, од која дел ќе биде и ЛДП“, се вели во соопштението на Партиијата.

Би можело да ве интересира

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он

(ВИДЕО) Зајкова: Срамно е по 18 месеци чекање нов Кривичен законик, да добиеме само козметички интервенции

Зајкова: Македонија припаѓа во ЕУ, а Европа мора да покаже политичка храброст

Горан Наумовски

Иницијативен одбор за реформи во ЛДП: Како од „фабрика на идеи“ ја сведовте ЛДП на непрепознатлива НВО организација

Предраг Петровиќ

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори