ЛДП: Уставните измени треба да бидат карта за влез во ЕУ, а не за политички пазарења

Од:

Процесот на уставните измени во Македонија е клучен за напредокот на државата во интеграциите со Европската Унија и токму затоа промените кои се неопходни за исполнување на критериумите за членство во ЕУ не треба да бидат предмет на националистички реторики, велат од Либерално-демократската партија.

– Ќе потсетиме дека реформите ќе донесат значителни придобивки за граѓаните и ќе ја зајакнат демократијата и правната држава. Напредокот на преговорите зависи од подготвеноста на сите политички субјекти да ги стават државните интереси пред партиските агенди, бидејќи со членството во ЕУ придобивките ќе ги уживаме сите, додаваат од партијата.

Од ЛДП велат дека Македонија треба да се стреми да стане членка на ЕУ што побргу и земја во која се почитува секој етникум без дополнително заострување на меѓуетничките прашања.

-Да бидеме гласни меѓу нас, ни треба широк консензус кој нема да биде црно-бел, туку ќе даде одговор како овие теми и стравови да не ги сузбиеме само со убедување, туку да обезбедиме од нашите европски партнери дополнителни потврди дека ова не е само една од многуте препреки, велат од ЛДП.

Од партијата напоменаа дека во овие моменти треба да владее демократска атмосфера, а не да се подгреваат етничките тензии.

-Бришењето на формулацијата „јазикот што го зборуваат 20 проценти од граѓаните“ и подгревањето на тензиите при избор на претседател на Собранието повторно создава политички пазар кој не турка назад и може да создаде тензии. Сметаме дека ваквите прашања не треба да се користат за пазарење, заклучија од ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП до премиерот: Доста е со манипулации и глумење фрапираност од судството – изменете го Кривичниот законик веднаш

А1он

ЛДП: За два дена над 10.000 потписи против институционалната слепост за насилството врз жените!

А1он

ЛДП бара електронски алки за следење на насилниците, Зајкова повика на потпишување петиција

Катерина Ѓуровски

Кос повтори: Македонија треба да ја исполни обврската за завршување на уставните измени

ЛДП за случајот со Ива Михајлова: Дали да го укинеме судството, кога институциите и онака не функционираат?

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок