ЛДП: Уставните измени се зелена карта за нашата европска иднина и не го загрозуваат идентитетот

Од:

Уставните измени кои влегоа во собраниска процедура, не ги загрозуваат нашите идентитетски прашања, тие само ќе бидат зелена карта за нашата европска иднина. Да се обединиме, да ги поддржиме уставните измени за доброто на сите, за системски реформи во државата, порачуваат од Либерално-демократската партија.

-Додавањето на бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и египќанскиот народ во Уставот е само богатство повеќе во нашиот Устав и не се носи под диктат од некого, а ЛДП секогаш била на вистинската и на демократскатa страна, затоа и сега дава поддршка на уставните измени, додаваат од ЛДП.

ЛДП ги повикува сите пратеници, да ги остават настрана теснопартиските интереси, да се оглушат од нечии желби да ја заковаат државата во минатото, да не ги слушаат оние личности кои од надвор и од внатре дејствуваат против државата, сакајќи да се заштитат себеси и своите интереси.

-Секоја држава, народ, парламентарен состав, во одреден момент се соочени пред историски предизвик, да донесат мудра, државничка одлука која ќе има долгорочни позитивни последици. Овој парламентарен состав ја има историската шанса, сплотено да донесе одлука која ќе ни овозможи исполнување на нашата заедничка цел, членство во Европското семејство. Мнозинството граѓани знае дека друг и подобар пат немаме, истакнуваат од ЛДП.

Комисијата со 10 гласа „за“ и 7 против го усвои заклучокот за пристапување кон измена на Уставот. Денешната седница е вовед во првата фаза од измените. За оваа етапа да биде успешна, на пленарната седница закажана за 18 август треба да добие поддршка од две третини од пратениците.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Прво завршени преговори со ЕУ, па уставни измени, порача Мицкоски од Вашингтон

Катерина Ѓуровски

Имаме достоинствено решение на маса, а тоа се уставни измени се одложено дејство, истакна Мицкоски

Муцунски: Одбележуваме неславен јубулеј, 20 години од кандидатскиот статус и серија направени отстапки

Катерина Ѓуровски

Касами: Владината коалиција работи на забрзување на процесот на евроинтеграции

Муртезани: Никогаш не сум рекол дека ќе излеземе од Владата ако нема уставни измени на крајот од годината

Лајчак: Членството во ЕУ е најдобрата опција за Македонија, мој совет е да го ставите заедничкиот интерес над партиските интереси