ЛДП: Срамна и патолошка реакција на Груевски на крајно сериозниот извештај на Прибе

Од:

„Премиерот „хипокрит„ повторно се обидува најдрско да ја манипулира македонската јавност и меѓународната заедница, најавувајќи „План за нови реформи за европска интеграција на Република Македонија“. Ова е уште една срамна и патолошка реакција на Никола Груевски на крајно сериозниот извештај на Рејнхард Прибе.

Човекот кој ја има најголемата заслуга што Македонија денес се соочува со срамно губење на препораката за членство во ЕУ, сето тоа поради неговата желба суверено и криминално, без право и правда, да владее со Македонија и нејзините граѓани, денес ја засмејува јавноста со неговите изјави дека ќе се бори против сите работи коишто тој ги инсталира во државата и служат како единствен извор на неговата моќ.

Груевски, чии денови на владеење се веќе избројани, токму пред неговото заминување, реши да се фокусира на европската агенда, со унапредување на владеењето на правото, слободата на информирање, изборното законодавство, борбата со криминалот и корупцијата“, се вели во писменото соопштение на ЛДП.

„Каква демагогија!

Никола Груевски, човекот кој ја осакати Македонија и и’ нанесе несогледливи последици во преговорите за членство во ЕУ, не може да биде решение за македонската евроинтергација.

Премиере, залудни ви се сите планови, задоцнивте со европските реформи!

Ниту вие, ниту вашата “килава“ Влада, немате грам достоинство, одговорност и чувство на реалност, во овие моменти кога граѓаните одлучно решија да се изборат за демократијата во државата.

Затоа не правете гротестка од сериозноста на проблемите со кои се соочува Република Македонија.

„Обемните и амбициозни планови“ за членство на Македонија во ЕУ, ќе бидат приоритет на новата влада на Р. Македонија, која граѓаните ќе ја изберат на  следните фер и демократски избори, на кои вие ќе станете дел од темната историја на државата.

Затоа ви препорачуваме да не ја замајувате јавноста и европските пријатели, зошто вие премиере одамна сте прочитани“, пишува во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

(ВИДЕО) Зајкова: Одбрана, дигитализација и брзо проширување за целосна интеграција на Западен Балкан

Половина милијарда евра повеќе од буџетот за одбрана да ги инвестираме во домашно производство – министерот Муцунски на линија со позициите на ЛДП, велат од партијата

Гувернерот на страната на ЛДП, на ред банките и Собранието

Зајкова: Единствена позиција за претстојниот НАТО самит и изработка на стратегија за инвестирање во домашната одбранбена индустрија

(ВИДЕО) Аврамовски: ЛДП утре во Собранието повторно ќе го поднесе предлог законот за отворени листи и една изборна единица

Горан Наумовски