ЛДП: Со заминувањето на Груевски завршува ерата на арамилакот, манипулациите, криминалот

Од:

„Либерално-демократската партија го поздравува склучувањето на синоќешниот договор за излез од политичката криза во Р. Македонија. Одржувањето на предвремени парламентарни избори на 24-ти април, 2016 година ќе биде ново поглавје за враќање на демократијата во Р. Македонија.

Никола Груевски е детронизиран! Поразот на Груевски ќе биде запечатен со отворање на транспарентна истрага од страна на специјалниот јавен обвинител за содржините, доказите и аргументите од проектот „Вистината за Македонија“. Тоа ќе значи кривична и секаква друга одговорност за сите инволвирани во криминалните активности кои се правеа во изминатиот период под владение на Груевски и неговите послушници. Само така ќе се врати довербата во судскиот систем“, велат од ЛДП.

„Со заминувањето на Груевски завршува ерата на арамилакот, манипулациите, криминалот и изживувањата на режимот врз македонските граѓани.

На Р. Македонија и претстои долг и тежок процес на темелни реформи, рацете на оваа власт ќе мора да се тргнат од сите институции, да се организираат слободни, фер и демократски избори и токму  поради тоа потребна е сплотеност и подршката на сите граѓани подеднакво бидејќи никој нема право на монопол врз овие европски вредности. Иднината на Македонија зависи од сите нас.

Ова е победа на македонскиот народ, за европска Македонија“, соопштуваат од ЛДП.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов

Форум на жени на ЛДП: Најостро го осудуваме навредливиот коментар упатен кон Силјановска Давкова

ЛДП: Недозволиво е вакво апсење на новинарот Салиу

Мишиќ: Од суштинско значење е потребите на младите да бидат пресликани во новите политики

Јакимовски за викенд -акцијата „Здрави навики“: Заедно со граѓаните се грижиме за здравјето и градиме здрави животни навики

ЛДП со иницијатива: Да се воведат лековите со кои се врши медикаментозниот абортус на позитивна листа на лекови