ЛДП со поддршка за Заев за објавување на компромитирачикиот материјал за власта

Од:

Централниот одбор на ЛДП беше информиран од новоизбраниот претседател Горан Милески за актуелните случувања на политичката сцена, тековните активности, како и за натамошните чекори во кои ќе се движи опозицијата, од која дел е и ЛДП.

Гостин на состанокот беше и претседателот на СДСМ Зоран Заев, кој говореше за вчерашниот состанок на Централниот одбор на СДСМ, проектот „Вистината за Македонија“, средбите со Груевски, меѓународниот фактор и идните планови на опозицијата. Претседателот на СДСМ, стои во соопштението на ЛДП, се осврна и на содржината на доказите, темите кои тие ги опфаќаат, воедно, барајќи разбирање и трпение за процесот за објавување, пред се’ поради чувствителната природа на добиените материјали.

„ЛДП го свика овој Централен одбор со цел да даде целосна поддршка на Зоран Заев, претседател на СДСМ да отпочне со постапката на обзнанување на материјалите со кои ќе се дознае начинот на владеење на оваа власт“, рече Милевски пред почетокот на состанокот на ЦО.

На седницата на Централниот Одбор беше едногласно донесена одлука да се даде поддршка на Заев да се почне со објавувањето на материјалите кои ги поседува со кои ќе се разоткрие начинот со кој оваа власт управува и ги организира изборите во Македонија. Беа усвоени и заклучоците со кои ЛДП, во координација со СДСМ и здружената опозиција ќе го започне проектот „Вистината за Македонија“.

„ЛДП, како дел од опозициската коалиција,отсекогаш се залагала за владеење на правото и правната држава“, изјави Милевски.

Ги повикуваме сите граѓани да се приклучат и да дадат искрена поддршка во борбата за демаскирање на актуелната власт.

Би можело да ве интересира

СДСМ со прашање до ВМРО: „Дали сте вие нормални?“

ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Горан Наумовски

СДСМ: Кога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи, лажговци?

СДСМ: Последната фаза од кампањата на ВМРО – Репресија и политички прогон

Горан Наумовски

СДСМ: Следите, а не објавуваве фотографии од Дубаи, затоа што ги нема

Политичка прозивка од ВМРО-ДПМНЕ: Нова година по дубајско време