ЛДП со поддршка за измените на Изборниот законик и заштита на правото на кандидирање на независни листи

Од:

Либерално-демократската партија (ЛДП), како политичка опција која доследно се залага за демократија, владеење на правото и фер изборни процеси, внимателно го следи развојот на настаните поврзани со иницијативата на седум независни граѓански листи за итни измени на Изборниот законик.

По одлуката на Уставниот суд од март 2024 година, со која беше укината една од клучните одредби што го регулираа учеството на независните кандидати на избори, настаната е сериозна правна празнина. Таа, доколку не се пополни навреме, може да го загрози спроведувањето на локалните избори во 2025 година, но уште повеќе — да го оспори едно од основните демократски права: правото да се избира и да се биде избран, загарантирано со член 23 од Уставот на Република Северна Македонија.

ЛДП смета дека не е прифатливо во едно демократско општество да постојат законски нејаснотии кои создаваат простор за злоупотреби и исклучување на граѓаните од политичкиот процес. Поддржуваме итно преземање конкретни чекори за надминување на овој вакуум.

Очекуваме Министерството за правда да формира експертска работна група без одлагање, со вклученост на претставници од граѓанските иницијативи, и парламентарните партии се со цел да се изнајде правично, инклузивно и одржливо законско решение.

ЛДП е подготвена да даде свој придонес во процесот и ќе го поддржи секој законски предлог кој произлегува од транспарентен и инклузивен дијалог, со крајна цел: изборен систем кој ги штити правата на сите граѓани и ја поттикнува нивната политичка партиципација.

Нашето убедување е јасно — демократијата не е привилегија на партиите, туку право на сите граѓани. Локалната самоуправа е срцето на демократското учество, и затоа секој граѓанин треба да има можност да се кандидира и да биде претставен, велат од ЛДП.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Предраг Петровиќ

Кривични пријави за вработен во „Галичица“ и превозник од Битола поради незаконски транспорт на дрва

Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“