ЛДП: Скопје се претвори во град на кич и невкус

Од:

Либерално-демократската партија најостро реагира и се противи на вчерашната одлука на Советот на општина Центар, за поставување на уште десет споменици во централното градско подрачје, притоа еден со висина од над 30 м.

„Бараме премиерот Груевски веднаш да го запре ова лудило од хистерично градење и поставување споменици на секој метар квадратен, со што Скопје се претвори во град на кичот и невкусот. Изградбата на мегаломанскиот проект „Скопје 2014“, подигањето на над 100 споменици само во центарот на градот, како и безмилосното трошење на народните пари, не е содветно на целокупната економска состојба во Македонија.

– Сиромаштијата, мизеријата, невработеноста и чувството на безнадежност со кои секојдневно се соочуваат граѓаните, налага оваа власт веднаш да престане со енормното трошење и парите да ги пренамени за подобрување на драстично влошениот животен стандард на граѓаните“, стои во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство

ЛДП: Новите регистарски таблички за службените возила ќе значат крај на злоупотребите