ЛДП: Што и од кого бранеше Јанкуловска со огромниот број специјалци?

Од:

ЛДП најостро реагира на злоупотреба на специјалните единици во партиски цели.Згрозени сме, велат, од она што го виделе на снимките објавени на медиумите и социјалните мрежи во врска со протестот на опозицијата .

„Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска со преку 500 специјалци наоружани до заби, го заобиколи народот кој излезе на мирен протест пред “жолтата куќа“ на ВМРО ДПМНЕ, за да го изрази незадоволството од одлуките кои се носат токму таму, во седиштето на нејзината партија. Одлуки со кои во целост се суспендира демократијата во Република Македонија, со кои се гуши слободата на медиумите, а секое мислење различно од нивното се прогласува за ерес и се распнува на столбот на страмот“, стои во реакцијата на ЛДП.

Очигледно е, реагираат, дека Никола Груевски, поаѓајки од својот начин на размислување и дејствување- аргументирање и решавање на проблемите со насилство, смета дека секое изразување на одредено мислење или незадоволство мора да е проследено со насилство па и нареди на Јанкуловска да ги извади и злоупотреби специјалните единици.

ЛДП прашува: што и од кого бранеше Јанкуловска со енормниот број на специјалци? Дали беше потребно да се ангажираат, и со часови пред тоа да се чуваат збиени еден до друг во подземната гаража петстотините полицајци само за да се брани здргадата, која патем речено, не е иституција на системот туку само седиште на една политичка партија.

Уште повеќе се наметнува прашањето каде беа нејзините специјалци за да го бранат уставниот поредок, кога се поставуваа таблите со новите имиња во училиштата во Чаир, каде беа да го одбранат народот кога се тепаа граѓани во автобусите, кога се одземаа млади животи пред училиштата како и кога се палеше државното знаме.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протести на турските новинари против властите

Жените во Полска повторно се уличен протест, го обвинуваат Туск дека не го исполнил ветувањето за либерализација на абортусот

ЛДП за случајот со Ива Михајлова: Дали да го укинеме судството, кога институциите и онака не функционираат?

Локалните жители ја блокираа депонијата Краста: Шест месеци сме го голгота

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок

Илјадници Шпанци на улиците поради станбената криза: „Вака повеќе не може“

Предраг Петровиќ