ЛДП: Прости ни Груевски што бараме одговор, а не премолчување за валканите игри на твоите високи функционери

Од:

На големиот христијански празник Прочка, бараме прочка од премиерот Груевски, велат од ЛДП.

„Прости ни Груевски што бараме одговор, а не премолчување за валканите игри на твоите високи функционери, новинари и сопственици на медиуми.
Прости ни што бараме независно судство, а не делегирани пресуди од министерски кабинети.
Прости ни што се бориме за слобода на медиумите, а не за нивна целосна контрола.
Прости ни што се залагаме за демократско општество, а не дикататура.
Прости ни што бараме можност за фер и демократски избори.
Прости ни што бараме стандарди и квалитет, а не популизам и импровизации.
Прости ни што сакаме да го спречиме егзодусот на младите.
Прости ни што се залагаме за реформи во образованието и почитување на автономијата на универзитетите.
Прости ни што се залагаме за евроатланска интеграција.
Прости ни што ја почитуваме традицијата и бараме прочка од граѓаните затоа што се уште живеат во  твојот свет.
Прости ни Груевски што сакаме Македонија да биде пристојно место за живеење“.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Македонија припаѓа во ЕУ, а Европа мора да покаже политичка храброст

Горан Наумовски

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Иницијативен одбор за реформи во ЛДП: Како од „фабрика на идеи“ ја сведовте ЛДП на непрепознатлива НВО организација

Предраг Петровиќ

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори