ЛДП: Пресудата за Бошкоски е параван за сериозните проблеми во државата

Од:

Вчерашната пресуда во случајот „Ровер”, изречена за Љубе Бошкоски е уште една потврда дека Македонија го достигна дното во независно и транспарентно судење, стои во реакцијата на ЛДП.

За ЛДП, политички монтираните процеси, корупцијата и нептранспарентноста на службените органи им дава за право , да бидат скептични во однос на пресудата со која ек- министерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски е осуден на дополнителни дванаесет години затворска казна.

„Ваквите пресуди, помпезно проследени во медиумите, се само параван зад кој се кријат сериозните проблеми со кои, денес се соочува државата, во истовреме преку нив им се праќа јасна порака на политичките неистомисленици како може да заврши секој онај кој ќе се обиде да упати јавна критика кон властодршците“, велат од ЛДП.

Повеќе од очигледно е дека „реформите” кои ги спроведува оваа Влада во судството се покажаа како дисторзни, политички и необјективни, смета ЛДП, а преголемиот број спорни суски пресуди, нерасчистени случаи, политички монтирани процеси се белегот на македонското судство кое не само што постојано добива сериозни забелешки од Европската комисија, туку и целосно ја има загубено довербата на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов

Форум на жени на ЛДП: Најостро го осудуваме навредливиот коментар упатен кон Силјановска Давкова

ЛДП: Недозволиво е вакво апсење на новинарот Салиу

Мишиќ: Од суштинско значење е потребите на младите да бидат пресликани во новите политики

Јакимовски за викенд -акцијата „Здрави навики“: Заедно со граѓаните се грижиме за здравјето и градиме здрави животни навики

ЛДП со иницијатива: Да се воведат лековите со кои се врши медикаментозниот абортус на позитивна листа на лекови