ЛДП: Премиере, зошто два дена молчевте за протестите ако навистина бевте во Македонија?

Од:

ЛДП е уште позагрижена по реакцијата и наводниот демант на ВМРО-ДПМНЕ на денешното соопштение. Ако премиерот Никола Груевски е навистина веќе два дена во Македонија, како што тврди неговата партија, зошто тогаш се’ уште се крие и не се појави да ги смири тензиите и  алармантаната  состојба по улиците на Скопје и другите градови?

Вака, денешниот општ коментар за протестите, и неговото прво појавување по роуд-шоуто, на отварање на скејт парк на кејот на Вардар, покажува колку навистина се грижи за државата.

И, на крајот, во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ има се’ освен одговорите на прашањата кои ЛДП му ги постави, а кои јавноста со нетрпение ги очекува: како ќе се справи со протестите, особено што нови протести се најавени за петок, а за кои предупреди меѓународната заедница и соседните држави.

Во овој случај, најсериозно се поставува прашањето, не само зошто премиерот е далеку од Македонија секогаш кога е потребно да биде во државата, туку има ли Македонија премиер?

Би можело да ве интересира

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он

(ВИДЕО) Зајкова: Срамно е по 18 месеци чекање нов Кривичен законик, да добиеме само козметички интервенции

Зајкова: Македонија припаѓа во ЕУ, а Европа мора да покаже политичка храброст

Горан Наумовски

Иницијативен одбор за реформи во ЛДП: Како од „фабрика на идеи“ ја сведовте ЛДП на непрепознатлива НВО организација

Предраг Петровиќ

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори