ЛДП: Премиере, за сериозни инвеститори, треба сериозна Влада!

Од:

ЛДП реагира на извештајот на Институтот за економија и мир, според кој, мирот во Македонија падна за уште 6 места во однос на минатата година, и сега според Глобалниот индекс за мир, се наоѓаме на 87. место меѓу 162 земји. Од нас, подобро се рангирани сите држави во регионот. Словенците се на 14. место, а пред нас се и Хрватска (26), Србија (52), БиХ (61), Косово (64), Албанија (65).

Еве што стои во соопштението на ЛДП:

Според податоците на Меѓународниот институт за стратешки истражувања, Светска банка и агенциите на ОН, перцепцијата на криминалот во Македонија е оценета со 3 од 1 до 5, при што 1 е најниско, а 5 највисока оценка. Пристапот до оружје е оценет со 4, присуство на насилни демонстрации со 3, политичка нестабилност со 2,8, политички терор со 2. Изборниот процес е оценет со 7,8 од 0 до 10 при што 10 е највисока оценка со која се оценува неслободата при гласање и немањето избор при гласањето. Според овој извештај, невработеноста е 31 отсто.

Од ова произлегува дека власта намерно подгрева политички и етнички инциденти за да го одвлече вниманието на јавноста од социјалната и економска криза.

Станува сосема јасно зошто вистинските инвеститори, ја заобиколуваат Тие сакаат стабилна клима и сигурност за нивните пари, а не страв од политичка, етничка и вооружена нестабилност.. Македонија е „инвестициски“ рај само за типови како Субрата Рој, глумецот-млекар и оној тексашанец со чиј шешир, премиерот гордо се сликаше. Дел од нив се во притвор, а другите по нарачаната претстава во Македонија за маркетиншки цели, исчезнаа.

Премиере, за сериозни инвеститори, треба сигурност и стабилност, што значи, сериозна Влада! ЛДП апелира до Владата и премиерот сериозно да ги сватат овие загрижувачки бројки и показатели, да престанат со погубните политики кои ја водат државата во должничко ропство и дестабилизиација.

Би можело да ве интересира

ЛДП за случајот со Ива Михајлова: Дали да го укинеме судството, кога институциите и онака не функционираат?

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ЛДП бара Владата да се огради од глорификацијата на Ратко Младиќ: „Нема место за величење на осудени за геноцид“

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство