ЛДП: Преиспитување на работата и ревизија на одлуките на Комисијата за верификација на фактите

Од:

Либерално-демократската партија најостро се противи на лустрацијата на критичките новинари во државата, што според нас, води кон замолчување и дискредитација на професионалните новинари во Р. Македонија.

„ЛДП силно негодува за начинот на работа на Комисијата за верификација на фактите, за која сметаме дека од самиот почеток на процесот е инструмент на режимот на Никола Груевски, во борба против сите оние кои размислуваат различно од врхушката на власт.

Процесот на лустрација во Македонија, за жал, се претвори во процес, или подобро кажано политичка пресметка, каде треба да бидат етикетирани сите они кои му згрешиле на режимот на Груевски.

Лустрираните новинари треба да бидат горди на решенијата добиени од оваа партиска комисија, затоа што тоа претставува вистински доказ за нивната посветеност на  критичката мисла и интегритетот на новинарската професија“, се вели во соопштението на ЛДП.

„Наместо кодоши и непријатели на државата, режимот со ваквото однесување само ја потврдува улогата на овие новинари во општеството како борци за слободата и демократијата.

Кристално е јасно дека по објавените криминални афери, за Груевски и неговата елита, тие со лустрацијата на новинарите само се обидуваат да  го свртат вниманието на јавноста од своите валканици.

Тоа нема да ви успее!

ЛДП сега и во иднина ќе се залага за преиспитување на работата на оваа партиска комисија и за ревидирање на сите одлуки потпишани од полтронот, пардон претседателот Томе Аџиев“, велат од ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство