ЛДП предлага отповикување на градоначалници и широка расправа по однос на Законот за локална самоуправа

Од:

Измени на Законот за локална самоуправа, со цел обезбедување законска можност граѓаните по пат на референдум да можат да ги отповикаат градоначалниците кои ги пустошат општините е единственото можно решение кое го предлага Либерално-демократската партија, откако денес по скратена постапка пред Собранието е доставен закон со кој се очекува до локалните избори во октомври следната година да нема нови избори во Гостивар, Аеродром и Сарај.

-Станува збор за закон за кој е потребно 2/3 мнозинство што бара широка дебата, а не скратена постапка. Воедно Предлогот за продолжување на мандатот на в.д. градоначалник под изговор намалување на трошоците за избори откако актуелните градоначалници би добиле пратенички или министерски места го нарушува правото на избор на граѓаните, како и демократските принципи кои ја изразуваат нивната волја и е спротивен на член 114 од Уставот, појаснуваат од партијата.

Според ЛДП недемократски е граѓаните толку долг период до локалните избори, да бидат зависни од в.д. градоначалник кој не бил избран на непосредни избори, а избран од советниците.

– Наместо предлози кои ја уназадуваат работата на локално ниво имаме предлог кој е од интерес на граѓаните. Водени од фактот што често се соочуваме со градоначалници кои не ги исполнуваат своите основни надлежности, предлагаме амандман со кој ќе се обезбеди законски механизам за отповикување на градоначалниците пред истекот на нивниот мандат. Потребите на граѓаните и подобрување на животот во нивната општина не смеат да бидат ставени на милост и немилост поради политичките апетити на одредени функционери, велат од ЛДП.

Од партијата очекуваат поддршка од сите политички субјекти бидејќи ваква можност содржел Законот за локална самоуправа од 1996 година кога имало механизам за отповикување на градоначалниците. За жал оваа круцијална одредба во Законот за локалната самоуправа од 2002 година е избришана и од тогаш па до денес, граѓаните се лишени од законска можност да покренат постапка за отповикување на градоначалниците.

ЛДП е за легално избрани градоначалници на избори, а не политички комесари избрани во совет, и образложението дека изборите се скапи е евтин трик со цел да дојди до безболна смена на погоре наведените градоначалници.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Среќен и благословен Бајрам – исполнет со мир, хармонија и заедништво

Предраг Петровиќ

Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во социјалното во Прилеп

Зајкова: Сеопфатен ветинг за државната служба и избраните и именувани лица од 1991 година до денеска

Предраг Петровиќ

ЛДП: Строги контроли не само во локалите, туку и во детските градинки, училиштата и други големи објекти

Аврамоска-Ѓореска: Не е само 8 март ден на жените

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зајкова: Осми март е симбол на борбата за праведност, еднаквост и безбедност на секоја жена

Горан Наумовски