ЛДП: Потребни се и санкции за оние кои ги злоупотребуваат службените возила за приватни цели

Од:

Либерално-демократската партија (ЛДП), во август минатата година предложи сите службени возила да бидат видливо и јасно обележани со иста боја, како мерка за зголемување на транспарентноста и одговорното користење на јавните ресурси.

Сведоци сме на разни злоупотреби на службените возила од страна на избраните државни и јавни функционери за приватни потреби во минатото. Оттука ја поздравуваме одлучноста на Владата за прифаќање на нашиот предлог. За ЛДП, овој чекор претставува позитивен пример за тоа како добрите предлози и идеи кои се во интерес на граѓаните и државата треба да бидат прифатени и имплементирани од сите релевантни чинители. Воедно, упатуваме апел до сите надлежни институции за побрзо завршување на постапката за воведување на оваа мерка, која доколку се спроведе и успешно реализира, веруваме дека ќе доведе до значително намалување на злоупотребата и поголема совесност на оние функционери кои имаат право на користење на возилата, спречување на нивна злоупотреба за приватни цели, зголемена доверба на граѓаните, преку видливост и отчетност на јавните ресурси, усогласеност на институциите во однос на транспарентноста и рационализацијата“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он

„Фајненшл тајмс“: ЕУ подготвува одмазда против САД

Европските „осум“ моќни држави ѝ порачаа на Америка: Вашите закани би можеле да доведат до опасна ескалација

Вашингтон го засилува притисокот: Нови санкции за Иран

(ВИДЕО) Зајкова: Срамно е по 18 месеци чекање нов Кривичен законик, да добиеме само козметички интервенции

Зајкова: Македонија припаѓа во ЕУ, а Европа мора да покаже политичка храброст

Горан Наумовски