ЛДП: Пешевски не бил само „deal“, туку и „aggressive oriented“

Од:

Либерално–демократската партија (ЛДП) порача дека е згрозена „од денешниот срамен чин за македонската демократија, кога вицепремиерот Владимир Пешевски дигна рака врз слободата на новинарството“.

Опозициската партија бара политичка и кривична одговорност од вицепремиерот.

„Физичкиот напад на Пешевски врз новинарот Саше Ивановски мора да се казни со политичка и кривична одговорност, како опомена за сите оние кои ќе се обидат да посегнат врз слободата на медиумите и ќе се обидат да попречуваат новинари во извршување на нивните работни задачи.

Ваквото малограѓанско, некултурно и недемократско однесување на Пешевски покажува дека тој не бил само „deal oriented“, како што милува да го нарече Груевски, туку и „aggressive oriented“.

ЛДП добронамерно апелира до владата во заминување, да им обезбеди услови на работа на медиумските работници и неистомислениците и да не ја дискредитира нивната работа“, стои во соопштението од ЛДП.

Би можело да ве интересира

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он

(ВИДЕО) Зајкова: Срамно е по 18 месеци чекање нов Кривичен законик, да добиеме само козметички интервенции

Зајкова: Македонија припаѓа во ЕУ, а Европа мора да покаже политичка храброст

Горан Наумовски

Иницијативен одбор за реформи во ЛДП: Како од „фабрика на идеи“ ја сведовте ЛДП на непрепознатлива НВО организација

Предраг Петровиќ

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори