ЛДП: Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не смее и натаму да биде кочничар на реформите во здравството

Од:

„Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не смее и натаму да биде кочничар на реформите во здравството на штета на здравјето на македонските граѓани.

Секојдневните недостатоци на лекови, медицински помагала во болниците и реагенси во лабораториите се рефлектираат на најсуштествените потреби на пацентите. Иако во некои случаи причината е немање на средства, во други – неточни предвидувања на потребите, сепак најчестата причина е доцнењето на тендерите за јавни набавки, поради долготрајните и нестручни подготовки на набавките.

Аргумент плус за тоа е што тие редовно се враќаат на доработка во таканаречната „стручна комисија“ во Бирото за јавни набавки и тоа заради несуштествени и небулозни грешки.

За жал, сведоци сме на анекси на договори во многу сфери и за многу состојби во општеството, каде не се работи за итност и не се работи за човечки живот, но овде иако се работи за жива материја, тоа не се дозволува.

Згора на сѐ, поради досегашните пресметки на власта во заминување со неистомислениците, лекарите и здравствените работници молчат за ваквите состојби, исплашени да не бидат отпуштени од работа или да не завршат со добро познатите местенки на суд.

Молчат и директорите на болниците, како најверни послушници на партијата. Резултат на целокупната состојба, руинираното македонско здравство е на самото дно.

На штета на пациентите се употребуваат лекови кои се на располагање, а не најдобрите и најсоодветните за дадената болест, операциите често се одложуваат, а лабораториите не издаваат целосни резултати.

Здравството мора да се врати на вистинскиот колосек. Еднаква можност за справување со болестите мора да имаат сите граѓаните на Република Македонија, а не само оние кои можат да си дозволат лекување во приватните клиники.

Новата влада, во која ќе биде и ЛДП, час поскоро ќе започне со темелни и суштински реформи во здравството, по европски терк“, се вели во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот