А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ЛДП: Обидот за линчување на пратеници мора да биде најстрого казнет

by А1он28/04/2017 - 09:57122
Share0

„Либерално-демократската партија упатува честитки до новоизбраниот претседател на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери и воедно апалираме на итно формирање на реформска влада.

Добивај вести на вибер

Парламентарното мнозинство во овој тежок момент мора да вложи сѐ од себе за нормализирање на состојбите, спроведување и почитување на Уставот и законите, владеењето на правото и правдата, враќање на заробените институциите и правосудниот систем во рамките на законот и правото.

ЛДП воедно остро ги осудува вчерашните насилства во Собранието и бара секој еден што учестуваше во инцидентите да одговара пред законот со име и презиме.

Бараме одговорност од организаторите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, но и одговорност од Министерството за внатрешни работи што допушти насилен влез во законодавниот дом, кој треба да биде симбол на демократијата на секоја цивилизирана држава.

Обидот за личнување на пратеници, чинот на заплашување на народот и манипулирање мора да биде најстрого осуден и казнет.

Бараме осуда и одговорност и за нарачателите и за извршителите на овој грозен чин и силен удар врз институциите и демократијата во Република Македонија“, соопштуваат од ЛДП.

ldpsobranie

Би можело да ве интересира

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 12:00

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 07:56

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Горан Наумовски16/02/2026 - 14:20

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Катерина Ѓуровски13/02/2026 - 16:40

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски11/02/2026 - 18:3511/02/2026 - 19:01

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он23/01/2026 - 19:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен