ЛДП најстрого ја осудува скандалозната објава на Касами: Македонија е мултиетничка држава

Од:

Во недостаток на идеи и проекти дел од опозициските партии продолжуваат да играат на картата на национализмот и да се обидуваат да ги влошат меѓуетничките односи и да ги разнишаат европските вредности, велат од ЛДП.

„Либерално-Демократската партија најостро ја осудува скандалозната објава на лидерот на БЕСА и градоначалник на Тетово, Билал Касами, во која на социјалната мрежа Фејсбук напиша „Добредојдовте во албанскиот главен град во Северна Македонија!“.

Либерално-Демократска партија упатува порака дека Македонија е мултиетничка држава и Тетово е и ќе биде мултикултурен град, а не главен град на Албанците“, соопштуваат од ЛДП.

„Како либерал-демократи секогаш приоритет ќе ни биде почитување и обезбедување еднакви права и можности за сите граѓани на Македонија.

Симптоматично е што оваа објава доаѓа само неколку недели по барањето за формирање Заедница на албански општини, по теркот на она што се договара за Косово, барање кое дојде од Алтернатива, уште една опозициска партија од албанскиот политички блок“, се додава во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП за случајот со Ива Михајлова: Дали да го укинеме судството, кога институциите и онака не функционираат?

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ЛДП бара Владата да се огради од глорификацијата на Ратко Младиќ: „Нема место за величење на осудени за геноцид“

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он