ЛДП: Лага и лицемерие е ако Груевски не го разреши Бесими

Од:

ЛДП бара разрешување или интерпелација на министерот за одбрана фатмир Бесими, по како што велат во соопштението, скандалозното поклонување и положување на венци и цвеќе на споменикот на жртвите на УЧК од 2001 година

За Либерално- демократската партија, уште позагрижувачки се изјавите кои следеа по повод настанот, од страна на Владата, Генералштабот и владеачката ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако се искрени оградувањата од страна на релевантните институции, тогаш очигледно е дека станува збор за целосна некординираност и самоволие во водењето на државната политика, особено во еден така значаен сегмент каков што е одбраната“, велат од ЛДП.

Имајки ги во предвид реакциите на Владата, според кои министерот за одбрана постапил без одлука донесена на Влада, за ЛДП е логично, премиерот да побара одговорност и веднаш да го разреши од функцијата.

„Во случај премиерот да нема доблест да го стори тоа, а по изјавата на директорот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, во која истакнува дека овој чин не ги одразувал политиките и политичките ставови на нивната партија, единствен логичен чекор е Интерпелација за минстерот за одбрана, поднесена токму од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија“, бара ЛДП.

Според ЛДП, доколку не се преземат овие мерки, станува сосема јасно дека овој настан е само продолжение на амнестирањето на хашките случаи, а оградувањата на Владата и изјавите од ВМРО-ДПМНЕ претставуваат уште една груба лага, лицемерие и манипулација со сопствениот народ.

Би можело да ве интересира

ЛДП бара Владата да се огради од глорификацијата на Ратко Младиќ: „Нема место за величење на осудени за геноцид“

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд