А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ЛДП: Изјавата на Лавров – провокација или погрешна интерпретација?

by А1он02/10/2014 - 14:0003/10/2014 - 10:19114
Share0

Либерално демократската партија е непријатно изненадена од изјавата на шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

Добивај вести на вибер

Тој за сараевски “Дневни Аваз” изјави дека проширувањето на НАТО со поранешните југословенски републики- Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, би претставувала провокација.

ЛДП се надева дека изјавата е лошо интерпретирана или неавтентична, водејќи се од фактот дека од моментот кога Македонија се здоби со статус на држава-аспирант со акциониот план за членство во НАТО во 1999 година, Русија никогаш не се изјаснила против членството на Република Македонија во НАТО.

Но, ЛДП смета дека доколку изјавата е точно интерпретирана, тогаш таа е непримерна, неприфатлива и навредлива за граѓаните на Република Македонија, кои на сите анкети, со огромно мнозинство од околу 90% се изјаснуваат позитивно за влегување во НАТО алијансата.

ЛДП потенцира дека 15 годишниот пат кон НАТО алијансата се’ уште не е финиширан со полноправно членство, најмногу поради проблемите кои ги имаме со неразумната политика на јужниот сосед, но се’ повеќе и поради политиката на актуелната власт во нашата држава.

Сакаме да ја потсетиме Владата дека од неа се очекува да носи храбри и полезни одлуки за граѓаните на Република Македонија.

ЛДП и понатаму ќе инсистира на одржување и развивање на пријателските, културните, политичките и стопанските односи со рускиот народ.

ldprusija

Би можело да ве интересира

Захарова: НАТО е заинтересиран само за едно нешто – да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија

Горан Наумовски18/03/2026 - 12:49

Русија: Маските паднаа, Европа конечно му го покажа на Трамп своето вистинско лице

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 09:38

Кошта: ЕУ може да разговара со Русија за многу прашања

Горан Наумовски17/03/2026 - 22:18

Соборени се 250 дронови што се движеа кон Москва

Горан Наумовски16/03/2026 - 14:33

Трамп: Путин можеби малку му помага на Иран

Горан Наумовски13/03/2026 - 16:34

Унгарија ги блокира санкциите кон Русија

Горан Наумовски12/03/2026 - 22:02
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен