ЛДП: Итна разрешница за случајот „Монструм“

Од:

Либерално-демократската партија апелира до Специјалното Јавно Обвинителство за итно разгледување на случајот „Монструм“ и негово превземање во своја надлежност. Станува збор за крајно специфичен и чувствителен предмет, кој е трагичен по својот исход и за жртвите и за осудените.

Поради целосно нарушената легитимност на судскиот систем, на кој сведочиме сите како граѓани, а и е нотирано во Извештајот на Прибе, вчерашната потврда од страна на Апелациониот Суд во Скопје на пресудата за доживотен затвор на осудените во случајот, јавноста и засегнатите и понатаму се крајно сканадализирани и без никаква верба во исходот на пресудата.

Со должно внимание кон сите лично засегнати во самиот процес, сметаме дека јавноста мора да ја дознае вистината за еден од најтрагичните настани во поновата историја, која предизвика многу контраверзи и недоумици, токму поради целосно узурпираниот општествен систем во кој живееме и разградениот и нелигитимен судски систем. На тој начин, а и со сериозните индиции за текот на самиот настан и водењето на судскиот процес, постојат сериозни сомневања за исправноста на целата постапка и во таа насока сметаме дека и фамилиите на жртвите, а и фамилиите на осудените имаат право да ја знаат вистината.

ЛДП смета дека правдата мора да биде еднакво достапна за сите, а чекор кон нормализирање на општеството е преку решавање на најчуствителните проблеми. Вистинската истрага за судскиот случај Монструм од страна на СЈО ќе биде показател дека суштински се спроведува Договорот од Пржино, каде најтешките прашања ќе го добијат својот одговор.

Би можело да ве интересира

ЛДП за случајот со Ива Михајлова: Дали да го укинеме судството, кога институциите и онака не функционираат?

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ЛДП бара Владата да се огради од глорификацијата на Ратко Младиќ: „Нема место за величење на осудени за геноцид“

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он