ЛДП испрати телеграма со сочувство до француската амбасадорка Оер

Од:

Претседателот на Либерално-демократската партија Горан Милевски, испрати телеграма со сочувство до амбасадорката на Република Франција во Македонија, Лоренс Оер по повод терористичките напади во Париз.

– Дозволете ми, во мое лично име и во име на Либерално-демократската партија да го изразам моето најдлабоко жалење до семејствата на жртвите од овие подли терористички напади врз Француската Република и нејзините граѓани, вели во телеграмата Милевски.

Граѓаните на Македонија, додава Милевски, се вџашени и згрозени од страшните терористички напади врз Франција и врз се’ за она за што Франција се залага како држава.

– Во овие трагични моменти, како за Вашата земја, така и за целата слободна, демократска Европа, сакам да Ве осигурам дека граѓаните на Македонија ќе стојат рамо до рамо во борбата против тероризмот. Додека заедно се бориме во име на заштитата на европските демократски вредности, секогаш треба заедно да ја примениме легендарната максима на Француската Република: liberte, egalite, fraternite, вели Милевски во телеграмата до Оер.

Би можело да ве интересира

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Париз: Тројца се повредени, двајца имаат сериозни повреди во експлозија во телекомуникациска компанија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозии во близина на канцеларијата на премиерот во Париз

Ермитажот евакуиран поради безбедносна закана