ЛДП: Груевски да прифати компромисен датум за избори

Од:

„Либерално-демократска партија го повикува Никола Груевски националните интереси  да ги стави пред тесно-партиските и интересите на „фамилијата“.

Сметаме дека 5-ти  јуни е можен прифатлив датум, кога најбрзо би се оддржале изборите, со однапред прочистен изборачки список и регулирани медиуми.

Секој спротивен чекор на партијата на власт ќе значи погазување на Договорот од Пржино, меѓународна изолација и продлабочување на кризата, која ќе ја втурне државата во уште потешка и покритична состојба.

Тоа најмалку и’ е потребно на Р .Македонија во овој момент, кога во исто време  се соочува со предизвикот на мигрантската криза. Наместо кавги и раздор во државата, потребно ни е единство на сите политички чинители за успешно справување со евентуалното продлабочување на бегалска криза“, се вели во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски