ЛДП: Гласот „ЗА“ ГТЦ е и глас против владиното лудило на трошење народни пари

Од:

Либерелно-демократската партија ги повикува граѓаните на Општина Центар во недела, на 26 април, да излезат и да гласаат на референдумот „За зачувување на автентичниот изглед на ГТЦ“.

Во оваа хаотична и драматична ситуација во која се наоѓа Македонија, ЛДП ги охрабруваме сите жители на Општина Центар, без оглед на нивната политичка определба, да гласаат ЗА референдумот, бидејќи тој е впрочем и глас против владиното лудило на трошењето народни пари за лични цели.

ЛДП, го охрабрува и градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, без разлика на исходот од референдумот, за кој силно веруваме дека ќе биде позитивен, да продолжи со битката за ГТЦ, во овие вонредни услови во кои се наоѓа државата. Во оваа битка само целта е важна.

ЛДП како партија смета дека не постојат реални услови за оддржување на референдумот поради нарушената легитимност на целиот изборен процес. Покрај целосно узурпираните институции, кои служат за остварување на лични цели на врхушката на власт, главен проблем на ГТЦ е неговиот статус, не е прогласен за споменик на културата. Националниот конзерваторски центар одговори негативно и на последниот обид за негова итна валоризација. Тоа е уште една потврда на веќе познатата и трагична ситуација на суштинската нелегитимност на надлежните институции во Р.Македонија.

Би можело да ве интересира

ЛДП за случајот со Ива Михајлова: Дали да го укинеме судството, кога институциите и онака не функционираат?

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ЛДП бара Владата да се огради од глорификацијата на Ратко Младиќ: „Нема место за величење на осудени за геноцид“

Вработените во ГТЦ протестираа: Бараат зголемување на платите за најмалку 1.600 денари

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот