ЛДП: Г-дине Груевски, од морални причини поднесете неотповиклива оставка!

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ со празно соопштение, во име на премиерот и Владата одговори негативно на барањето на ЛДП од пред една недела, министерот за здравство, директорите на Институтот за јавно здравје и на Клиниката за инфективни болести, претседателот на Комисијата за заразни болести и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, да понесат одговорност по  спектакуларната изјава на Министерот Тодоров дека го откриле изворот на листерија, директно посочувајќи ја компанијата „Екстра Меин“ како „виновник“ за листеријата.

ЛДП јавно го повика Јавниот обвинител Зврлевски, по службена должност да отвори постапка за утврдување на одговорност на сите инволвирани лица и институции во случајот со листеријата во Македонија!

Министерот за се, практично потврди дека, не само што листеријата не е ставена под контрола, туку се можни нови случаи на заболени и тоа и деца од предучилишна возраст и пензионери и лица заболени од други болести, хоспитализирани во болничките установи.

За жал, вчера се случи токму тоа на што ЛДП предупреди! Имаме „нов виновник“, како извор на листерија. Уште една реномирана компанија од прехранбената индустрија во Македонија е стигматизирана на домашниот, на европскиот и на светскиот пазар. Но, што е уште пострашно, овој пат, листеријата е лоцирана во болничката кујна во здравствена јавна установа во Гостивар, што упатува на тоа дека е можно, лицата заболени од други болести, згрижени во оваа болничка установа, да бидат и нови заболени од листерија.

ЛДП смета дека, иако одамна навикнавме да живееме во парадокси и оксиморони, сервирани дневно од „ефикасното“ и „ефективно“ работење на ВМРО – ДПМНЕ и тимот на премиерот Груевски, и покрај недоволните 24-те часа во денот и 7-те дена во неделата, овој пат ѓаволот ја изеде шегата. Се работи за сериозно загрижувачка состојба која директно го засега животот и здравјето на граѓаните, го загрозува стопанскиот сектор во земјата, и тоа не случајно!

Со неподнослива леснотија, неодговорно, арогантно, нестручно, најрелевантните државни институции ги втурнаа граѓаните во нова масовна заблуда. Популистичката колективна хипноза сега ја фокусираа на листеријата, во обид листеријата да се претвори во хистерија, а стопанството, за сега преку месната индустрија, целосно да го  уцени и да го стави под контрола. ЛДП укажува дека листеријата е една од најретките и најсериозно третираните болести во светот, кај која смртниот исход варира меѓу 20 и 30 проценти од заболените, и затоа не смее со неа некој да експериментира, да си игра или да се обиде да спинува. Тука не смее да има паушалност и неодговорност.

Освен 5-те смртни случаи, се уште не знаеме точна бројка на заболени, според методологијата на светските експерти, ставена во контекст на „лоцираните извори“ на веќе стигматизираните компании чии производи се дел од широката потрошувачка во земјата, во Македонија би требало да има повеќе од 30.000 лица заболени од листерија?! Имаме ли во Македонија навистина листерија?!

Премиере, со сите инвестиции и иновации во здравството за кои секојдневно се фалите, два месеци не можете да се справите со листеријата?! Со сите економски програми и политики за поттикнување на стопанството и помагање на бизнис заедницата што дури и по светов ги промовирате, сега домашните компании ги направивте извор на тешки и смртоносни болести?!

Уште пред еден век, еден светски познат лекар, филозоф и хуманист, Алберт Швајцер, во една прилика, рекол: „Етика, се делата на човекот што го овозможуваат внатрешно совршенството на неговата личност.“. Ете, токму поради етиката и делата, г-дине Груевски, чуму сега оваа драма и безброј прашања, однапред оставени без одговор?! Ете, токму поради етиката и делата г-дине Груевски, најмалку што треба да направите и тоа веднаш, е, да поднесете неотповиклива оставка од морални причини“, се вели во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш

Зајкова: Здружените напади и заканите нема да ме предомислат – ЛДП останува доследна на своите програмски принципи по кои сме препознатливи

Предраг Петровиќ

Зајкова: Со конкретна стратегија до подобри резултати и повеќе влијание во локалната самоуправа

Владината коалиција е стабилна и цврста, дали ЛДП би биле дел од владината коалиција се уште не е разговарано, вели Мицкоски

ЛДП: Пломбирање на Зоолошката градина додека не се реши градскиот хаос

Горан Наумовски

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски