ЛДП е згрозена од идејата на ВМРО-ДПМНЕ да го продава Офицерски

Од:

„ЛДП е згрозена од однесувањето на Вмро-Дпмне, кое откако беше живо фатено во продажбата, почна да вика не го даваме Офицерски.

Убедени сме  дека битолчани нема да го заборават обидот на Вмро-Дпмне да го продаде Офицерскиот дом во Битола.

ЛДП е убедена дека битолските функционери беа прашани и дадоа согласност за продажбата,  а тоа и јавно го потврдија.

ЛДП е убедена дека ова нема да биде последен обид за продажба на Офицерски. Вмро-Дпмне ќе се обиде повторно тоа да го направи, се разбира формата ќе биде различна, ама не сме сигурни дали тоа веќе им текнало или допрва ќе им текнува.

За среќа времето на Вмро-Дпмне брзо одминува, битолчани на наредните избори убедливо ќе го поразат Никола Груевски затоа што може да му текни да ја продаде и Хераклеа, Градскиот саат, Широк Сокак или Пелистер, а во Битола тоа никој нема да го дозволи“, се вели во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција