ЛДП до Зврлевски: Граѓаните не се колатерална штета на неодговорното работење на институциите

Од:

„По речиси едномесечна, гротескна рашомонијада помеѓу најрелевантните државни институции, Министерот за здравство вчера јавно потврди дека го откриле изворот на листеријата, од која досега веќе има заболени и починати лица во земјата, при тоа директно посочувајќи ја компанијата „Екстра Меин“ како „виновник“.

Сериозноста на проблемот со листеријата оди дотаму, што во изјавата Министерот наведува дека, центрите за јавно здравје се задолжени да земат мостри и брисеви од работните површини од болничките установи, детските градинки и домови за стари лица и дека е издадена наредба за темелно механичко чистење и дезинфекција на работните кујни во овие јавни установи.

Според Либерално демократската партија, тоа што го откриле изворот, дури и според неговата изјава, не гарантира дека состојбата со листеријата во Македонија е целосно под контрола, односно дека е превенирана и спречена појава на нови заболени лица од листерија, вклучително и можност за нови случаи со смртен исход, при што ново-заболените, веќе е извесно дека може да бидат и деца од предучилишна возраст и пензионери, како и лица заболени од други болести, хоспитализирани во болничките установи.

Значи, најрелевантните установи во државата и тоа, Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје, Клиниката за инфективни болести, Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и Агенцијата за храна и ветеринарство, сî уште не можат да ја стават под контрола појавата на листерија во Република Македонија.

Во нормални земји, каде човечкиот живот навистина е неприкосновен, по првите случаи со смртни последици, функционерите на релевантните институции, па дури и премиери, поднесуваат неотповикливи оставки од морални причини! Овде, тоа одамна, не само што не е случај, туку, животот и здравјето на граѓаните станува статистика и колатерална штета на нестручното, непрофесионалното и неодговорното однесување на институциите и на функционерите што ги раководат.

ЛДП жестоко се спротивставува на ваквата практика на управувањето со државните институции, особено во сферата на здравството и бара, Министерот за здравство, Директорот на Институтот за јавно здравје, Директорот на Клиниката за инфективни болести, Претседателот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, веднаш да поднесат неотповикливи оставки, а јавно го повикува Јавниот обвинител Зврлевски, по службена должност да отвори постапка за утврдување на одговорност на сите инволвирани лица и институции во случајот со листеријата во Македонија“, се вели во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов

Форум на жени на ЛДП: Најостро го осудуваме навредливиот коментар упатен кон Силјановска Давкова

ЛДП: Недозволиво е вакво апсење на новинарот Салиу

Мишиќ: Од суштинско значење е потребите на младите да бидат пресликани во новите политики

Јакимовски за викенд -акцијата „Здрави навики“: Заедно со граѓаните се грижиме за здравјето и градиме здрави животни навики

ЛДП со иницијатива: Да се воведат лековите со кои се врши медикаментозниот абортус на позитивна листа на лекови