ЛДП дава согласност за договорот со Грција

Од:

Централниот одбор на ЛДП го разгледа и едногласно го прифати договорот потпишан помеѓу Владите на Република Македонија и Република Грција. Тројцата пратеници на ЛДП во Собранието на Република Македонија ќе гласаат ЗА прифаќање на овој договор.

ЛДП смета дека со договорот е заштитет македонскиот национален идентитет. Заштитени се македонскиот народ, македонскиот јазик, култура, македонското државјанство, македонската посебност, кодовите мк и мкд и најважно заштитено е името на државата Македонија кое сега се допрецизира со географска одредница.

„Најголема придобивка од овој договор е што се создаваат услови за реализирање на стратешките интереси на Република Македонија, а тоа е влезот во НАТО и ЕУ и се отвораат перспективите за просперитет на државата во сите сегменти на општественото живеење.

Во исто време, сакаме да изразиме загриженост за некои делови од договорот особено околу недоволните гаранции кои ја обврзуваат грчката страна да го почитува и усвои овој договор.

Исто така, укажуваме дека во периодот на имплементација поради воопштеноста во одредени членови, македонските институции мора да водат посебно внимание за интересот на државата и да не дозволат поради различно толкување на некои одредби, да се прифатат решенија спротивни на националните интереси.

Клучно за ЛДП во овој процес е референдумското изјаснување на граѓаните на Македонија. За ЛДП резултатот од референдумот ќе биде обврзувачки“, се вели во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство

ЛДП: Новите регистарски таблички за службените возила ќе значат крај на злоупотребите

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ

ЛДП: Прифатен уште еден наш предлог, до15 септември таблички во различна боја за државните службени возила

Граѓаните победија: Банкарските такси паѓаат под притисок на ЛДП, но тука нема да запреме, продолжува борбата против неправедните провизии

А1он