ЛДП Битола: Седмото место на УКЛО е одраз на политиките на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Според најновата Шангајска ранг листа Битолскиот универзитет е рангиран на 7-то место во Македонија. Пред доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт истиот беше второрангиран, меѓутоа со спроведувањето на политиката универзитет во секое село, го уништија и она што вистински вредеше.

На овој начин УКЛО е доведен во ситуација одделни факултети да бараат издвојување од битолскиот и приклучување кон другите, подобро финансирани и во секој поглед фаворизирани од власта.

Оваа ситуација е само одраз на севкупната игнорантска, дури и насилничка политика на ВМРО кон Битола во многу сфери на општественото живеење. Битола не ги добива парите од Буџетот на РМ наменети за рамномерен регионален развој,стана сообраќајно, еколошко и економско слепо црево.

Либерално демократската партија ги повикува сите политички партии од Битола да застанат во одбрана на Битолскиот Универзитет, а Ректорската управа и Ректорот јавно да реагираат и да се произнесат за штетните образовни политики на оваа влада,особено во однос на УКЛО-Битола“ изјави Јован Налбанти член на Централниот одбор на ЛДП.

Би можело да ве интересира

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција