ЛДП Битола: Преку „Мој термин“ докторите се принудени да прегледуваат и по 20 пациенти на ден

Од:

„ЛДП пред четири дена го обелодени скандалот со немањето реагенси на нуклеарна медицина во Клиничката болница во Битола. Укажавме дека е загрозено здравјето на многу пациенти од целиот регион поради неможноста да се извршуваат навремени прегледи.  Како и секогаш пристигна демант дека манипулираме и дека тие се безгрешни.

Им требаа два дена да се соземат, да најдат виновник и да излезат на прес со кој потврдуваат дека нашите информации се точни, дека реагенси нема, но дека за тоа биле виновни докторите кои вршеле многу прегледи.

Почитуван директоре, наместо да ги казнувате вредните доктори кои што совесно работеле, Вие треба самиот да се казните бидејќи сте извршиле лоша проценка на годишните потреби на реагенси во Клиничката болница. Треба да се самоказни и министерот затоа што ве назначил Вас за директор. Треба да си заминете од функцијата затоа што се обидовте да ја сокриете вистината и вината за лошата состојба во битолското здравство да ја префрлите на докторите.

Преку проектот Мој термин, докторите се принудени да прегледуваат и по 20 пациенти на ден, а до колку не го исполнат бараниот учинок ќе добијат намалена плата и казна. И наместо да ги наградите оние кои најповеќе работеле вие повторно им се заканувате со казни затоа што со нивната зголемена работа ви ги потрошиле реагенсите.

Се прашуваме зошто сте го оставиле одделението како што кажувате од шести месец без реагенси. Зошто не сте извршиле интервентна набавка на нови реагенси овој период. Што чекавте Директоре? Навистина скандалозно и недозволиво однесување“, се вели во соопштението на ЛДП Битола.

Би можело да ве интересира

ЛДП за случајот со Ива Михајлова: Дали да го укинеме судството, кога институциите и онака не функционираат?

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски