ЛДП Битола: Општина Битола-легло на криминалот?

Од:

„Криминалите на градонадочалникот Владимир Талески и неговата десна рака, секретарот на Општината, Слободан Бончановски немаат крај.

По истрагите на Специјалното јавно обвинителство и битолската полиција покрена истрага, со што само се потврдува дека Општина Битола е легло на криминалот, каде главните актери Талески и Бончановски манифестирајќи самоволие ја злоупотребиле својата положба и нанеле штета на буџетот на Општина.

Последната кривична пријава за првиот човек за финансии во Општина Битола, е само капка во морето на криминали , што оваа власт беспоштедно ги практикуваше во последните 12 години.

Либерално-демократската партија од Битола, јавно прашува, што треба уште да случи во Општина Битола, за градоначалникот Талески и секретарот Бончановски да си поднесат оставка.

Во истовреме, го повикуваме ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, јасно пред битолчани да се произнесе за криминалот во Општината Битола и за низата истраги и кривични пријави против Талески и Бончановски“, се вели во соопштението на ЛДП Битола.

Би можело да ве интересира

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција