ЛДП: Без триумфализам, владата е соочена со решавање на спорот за името

Од:

Согласно Стратегијата за проширување на Европската Унија, изготвена од страна на Европската Комисија, како и најавите на Еврокомесарот за проширување, Стефан Филе, Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Република Македонија во отпочнување на пристапните преговори во ЕУ е позитивен, надежен , кредибилен и отвара можности за отпочнување на преговорите со ЕУ, констатира ЛДП.

Одвивањето на преговорите, потсетува, е условено со изнаоѓање на заемно прифатливо решение за името на РМ, и тоа во едно од првите поглавја на преговорите со ЕУ.

ЛДП ја поздравува одлуката на Европската Комисија за овој позитивен и охрабрувачки извештај, но истовремено смета дека нема простор за еуфорија и триумфализам, бидејќи, велат, со овој извештај повторно Владата на РМ е соочена со решавање на спорот за името, како една од првите обврски при евентуалното отпочнување на пристапните преговори за членство во ЕУ.

„Од Извештајот може да се констатира дека владеачката коалиција и натаму е соочена со решавањето на суштинските проблеми на демократијата, како што се владеење на правото , натамошно унапредување на меѓуетничките односи и доверба, поделбата на власта и независноста на судството, имплементација на Законите кои значат усогласување со европското право,интензивирање на европеизацијата на законодавството со оглед дека само 19% од предвидените закони согласно НПАА за оваа година се усвоени во Собранието на РМ, битката против организираниот криминал и корупцијата, транспарентноста во информирањето, независноста на медиумите, деполитизација на администрацијата“, изјави на прес конференција, Нано Ружин.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство