Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Од:

СВР Битола информира дека е регистран нов случај на измама на возрасно лице од лажен лекар кој на 84-годишна битолчанка и одзел 9.600 евра.

– Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена, велат од полицијата.

Измама беше регистрирана и претходниот ден кога 83-годишен битолчанец во СВР Битола пријави дека бил измамен за 10.000 евра. Измамникот му се претстави како лажен лекар и му рече дека неговата внука паднала по скали, се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција.

Според соопштението на СВР Битола, одземањето на парите се врши според исто сценарио, и во двата случаеви, измамените лица ги даваат парите на лице кое доаѓа пред нивната врата, потоа дознаваат дека се измамени.

СВР Битола преземаат мерки за откривање на сторителите и расчистување на овој и претходните случаеви со појавата на лажни лекари, измамници.

Би можело да ве интересира

Хакерска измама „тешка“ 44.222 евра во Свети Николе

Велешанец обвинет за измама, одзел 4.000 евра од жител на Неготино

Двајца измамници измамиле велешанка за околу 5.000 евра и се обиделе да измамат уште 10 други повозрасни лица

Горан Наумовски

Лажен полицаец измами скопјанец за 3.500 евра

А1он

Лажен лекар од Дојран олесни пензионерка од Кавадарци за речиси 5.000 евра

Горан Наумовски

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот