Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Од:

Во Министерството за внатрешни работи пристигнуваат пријави од граѓани за добиенa електронска порака, наводно во име на директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, каде се даваат насоки за 24 часа да се оди до полициска станица или да се испрати повратен мејл, бидејќи наводно, примачот на пораката е предмет на кривични истраги за низа измислени кривични дела, што ги нема сторено – како детска порнографија, педофилија и трговија со дрога. Целта е примачот на пораката да се регистрира преку мејл и да ги даде неговите лични податоци, алармираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

– МВР ги известува граѓаните дека станува збор за лажна порака што не е испратена од страна на БЈБ – МВР ниту од Одделението за кибер криминал и безбедност. Овие електронски пораки се класичен обид за измама каде целта на измамниците е да дојдат до личните податоци на граѓаните со цел нивна понатамошна злоупотреба. Покани до граѓаните за истражни постапки од страна на МВР не се испраќаат преку мејл и доколку внимателно се прочитаат овие пораки, може веднаш да се забележат грешки во текстот, во однос на тоа дека е направен со лош превод на интернет со тоа и смислата на содржината на пораката насочува дека е сомнителна, поточно – измама, информираат од Министерството.

Се апелира на внимателност, овие пораки да не се отвораат, да не се контактира испраќачот и никако да не се споделуваат личните податоци што ги бараат измамниците. Се предупредува и да не се отвораат линкови и датотеки, испратени во прилог на која било електронска порака што доаѓа од непознат испраќач, со цел заштита на компјутерскиот систем од малициозен софтвер.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски