Лажни биле дојавите за поставени бомби во Народната банка и во училиштата

Од:

Министерството за внатрешни работи извести дека по направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје и НБРМ, кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, велат од полицијата.

Би можело да ве интересира

На Тумбе кафе пронајдени и безбедно подигнати над 1.400 бомби и гранати од Првата светска војна

Горан Наумовски

Нов бран закани со бомби низ цела Бугарија, евакуирани се судовите и јавните институции

Хрватска: Уапсените за лажни пријави се соочуваат со обвиненија за тероризам

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје

Нови дојави за бомби во Загреб: Евакуации во училишта и медиуми

18-годишно момче е уапсено за дојавување на лажно поставени бомби