Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

Од:

Лице кое лажно се претстави како лекар измами 77-годишна штипјанка за сума од 700.000 денари, соопштија од СВР Штип.

Вчера околу 16:30 часот, жената пријави дека претходно во текот на денот доби телефонски повик од непознато лице кое ѝ се претставило како лекар.

Лицето ја информираше дека нејзината сестра се наоѓа во болница поради скршеница на ногата и дека е неопходна итна операција со вградување метални шипки.

Според пријавата, измамникот побара пари за наводна интервенција, по што жената, во неколку наврати, ги однесе договорените средства на посочено место, предавајќи вкупно 700.000 денари.

Подоцна, во нејзиниот дом кога дојде нејзината внука, по што заедно стапија во контакт со сестра и, тогаш утврдија дека таа воопшто не беше хоспитализирана, при што оштетената сфати дека е жртва на измама.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Хакерска измама „тешка“ 44.222 евра во Свети Николе

Велешанец обвинет за измама, одзел 4.000 евра од жител на Неготино

Двајца измамници измамиле велешанка за околу 5.000 евра и се обиделе да измамат уште 10 други повозрасни лица

Горан Наумовски

Лажен полицаец измами скопјанец за 3.500 евра

А1он

Лажен лекар од Дојран олесни пензионерка од Кавадарци за речиси 5.000 евра

Горан Наумовски