А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Лавров: Посетата на Јагланд на Скопје е императив

by А1он19/05/2015 - 18:22240
Share0

Поради зголемената тензичност во Македонија, Русија предложила во регионот да биде пратен генералниот секретар на Советот на Европа Торборн Јагланд, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи, а шефот на дипломатијата Сергеј Лавров оценил дека таа посета е суштински важна.

Добивај вести на вибер

– Имајќи го предвид порастот на тензиите во Македонија, руската страна предложи испраќање на генералниот секретар на Советот на Европа во регионот, се наведува во соопштението на руското МНР по учеството на Лавров на состанок на Комитетот на министри на СЕ во Брисел.

Во соопштението се додава дека Лавров, во рамки на своето учество на состанокот, имал работен состанок со генералниот секретар на Советот на Европа.

Како што пренесува Танјуг, во својот говор во Брисел Лавров ја оценил како суштински важна посетата на Јагланд на Скопје.

– Имајќи ја предвид очигледната регионална димензија на случувањата во Македонија, би било суштински важно генералниот секретар (на Советот на Европа) да го посети Скопје, за да промовира нормализација на ситуацијата врз основа на принципите и вредностите на нашата организација, рекол Лавров.

eurusija

Би можело да ве интересира

Трамп: Путин можеби малку му помага на Иран

Горан Наумовски13/03/2026 - 16:34

Унгарија ги блокира санкциите кон Русија

Горан Наумовски12/03/2026 - 22:02

„Едниствен победник од војната во Иран е Русија“

Катерина Ѓуровски10/03/2026 - 12:21

Руската одбрана собори 72 украински дронови

Горан Наумовски08/03/2026 - 18:40

Песков: Меѓународното право повеќе не постои, заменето е со беззаконие

Горан Наумовски08/03/2026 - 13:5308/03/2026 - 13:53

Русите лансираа смртоносна нова ракета

Предраг Петровиќ07/03/2026 - 19:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен