А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Лавров: Москва не е против договорот меѓу Скопје и Атина, спорен е легитимитетот на процесот

by А1он16/01/2019 - 12:23172
Share0

Русија не е против новото име на Македонија, ниту против договорот меѓу Грција и Македонија околу името, туку прашува колку овој процес е легитимен, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на денешната прес конференција во Москва на која ги претстави резултатите од работата на руската дипломатија во 2018 година.

Добивај вести на вибер

На прес-конференцијата Лавров рече дека Русија го поставува прашањето во која мера договорот за името на Македонија е резултат на стремежите на двете земји и народите на двете земји да најдат решение и компромис, а во која мера е резултат на “заложбите на САД сите земји на Балканот да ги бутнат во НАТО”, што е можно поскоро и да се запре секое влијание на Русија во регионот.

Според Лавров, името на Македонија не било решено на ниво што го бара Уставот на Република Македонија.

Лавров истакна дека начинот на кој беше договорено новото име Македонија има тенденција на САД и неговите блиски сојузници место почитување на меѓународното право да се користи “сет од правила”.

-Место правен пристап, што подразбира донесување на закони што ќе бидат потпишани од страна на претседателот на Република Македонија, се применува неправен пристап, туку пристап на правила. Измислено е правилото, според кое, покрај Уставот на Република Македонија, решението да може да биде потпишано на ниво на министер, а не на ниво на претседателот, рече Лавров.

Според него, целта на овој пристап е тоа што сите земји на Балканот, што е можно поскоро да се натераат во НАТО, со помош на “НАТО-центрични правила “.

Рускиот претседател Владимир Путин и шефот на дипломатијата Сергеј Лавров утре доаѓаат во еднодневна посета во Белград.

prespanski dogovorrusija

Би можело да ве интересира

Примирјето во Украина започнува денес

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 10:19

Русија испраќа повеќе спасувачи во Дагестан

Горан Наумовски10/04/2026 - 19:59

Рјабков: Русија нема намера да ја напушти Западната хемисфера

Горан Наумовски10/04/2026 - 19:58

Буданов: Не можеме да си дозволиме да ги запреме нападите додека трае војната

Горан Наумовски10/04/2026 - 17:24

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Горан Наумовски09/04/2026 - 17:11

Украина: Руските сателити му помогнаа на Иран да избере цели на Блискиот Исток

Горан Наумовски08/04/2026 - 14:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто