Кривичниот суд го одобри обвинението за предметот на специјалното јавно обвинителство познат како „Тревник“ во кој првообвинет е Драган Павловиќ Латас, заедно со Срѓан и Ѕвездан Павловиќ за бесправна градба на три куќи во Зелениково.
Во временскиот период од месец јули 2011 година до 24.01.2013 година во Општина Зелениково, спротивно на „Законот за градење“ граделе без одобрение за градење издадено од надлежен орган на земјиште во нивна сопственост.
В. М.