Латас поднесе оставка од функцијата главен уредник во Сител

Од:

„Почитувани, ве известувам дека денес поднесувам оставка на функцијата Главен и одговорен уредник во ТВ Сител.

Оставата ја поднесувам со цел – заштита од понатамошни притисоците кон мене како новинар и кон медиумот во кој работам.

На оваа функција во ТВ Сител сум од мај 1997 година до денес, период од речиси 22 години во континуитет што е најдолаг уреднички стаж и мандат во релевантен медиум во Македонија во било која категорија, од основањето на државата до денес.

За тој период ТВ Сител израсна во водечки медиум во Македонија, препознатлив по својот стил, со свој карактер и школа од која излегоа најголем дел од денес релевантните новинари во државата, каде е создадена семејна атмосфера на соработка исполнета со меѓусебна доверба, заедничка посветеност на работата и професионалните стандарди.
За тоа време ТВ Сител изгради свој идентитет забележан и почитуван не само во Македонија туку и во регионот.

Како новинар со најголема продукција меѓу денешните професионални новинари, со пет награди за новинар на годината и внимание добиено од публиката и јавноста благодарен сум на ТВ Сител за укажаната можност како главен и одговорен уредник да предводам медиум и тим со кој се гордеам.

ТВ Сител е мое животно дело, трага која е неизбршлива и секојдневно видлива.

Продолжувам со својот професионален ангажман во ТВ Сител и понатаму, како новинар и како Извршен продуцент кој има задача да се грижи за создавање и продукција на сопствената програма на ТВ Сител.

На своите соработници, а ги имало преку стотина, за изминатите 22 години на функција одговорен уредник на ТВ Сител им благодарам за секој час поминат со нив, за соработка без ниту еден лош збор и ниту една неостварена заедничка идеја и проект. Очекувам дека така ќе соработуваме и на новите работни задачи и проекти, а дека публиката и јавноста ќе ни ја даде својата поддршка како и до сега“, се вели во соопштението на Драган Павловиќ Латас.

Би можело да ве интересира

Обвинителството го повлече обвинението против Латас за случајот „Тревник“

Катерина Ѓуровски

Латас и Лазаров не се чувствуваат виновни

Судењето против Латас и Лазаров одложено за 19 јуни

ВИДЕО: Латас и Лазаров пред судија – се одложи судењето за сексот во фиќо

А1он

Судот донесе решение: Латас остана без пасош, а нему и на Лазаров им е ограничен јавниот настап

А1он

Освен обинение, ОЈО бара на Латас да му се одземе пасошот, а тој и Лазаров не смеат да имаат јавни настапи

Горан Наумовски