Латас на суд во мај, по барање на неговите адвокати

Од:

Рочиштето за предметот „Тревник“ на специјалното јавно обвинителство за бесправна градба на викенд-куќи во Зелениково, во кој првообвинет е новинарот Драган Павловиќ-Латас, по барање на адвокатите е одложено за 16 мај.

Од обвинението на СЈО пишува дека три лица бесправно граделе три викенд-куќи во општина Зелениково. Според доказите на СЈО, меѓу кои и сателитски снимки, вештачење, како и останата документација, овие градби биле започнати во 2011 година, а одобрение за нивното градење од општината е добиено во 2013 година, кога веќе биле завршени.

Би можело да ве интересира

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Насилникот кој истепа две деца на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“ во судница побара симултан превод

САД: Судијата го отфрли барањето на Ријад за поддршка на киднаперите од 11 септември 2001 година

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше

Апелацискиот суд на САД ги запре масовните отпуштања од федералните агенции

Судот ги поништува царините на Трамп и ги прогласува за нелегални