Латас бара да се ограничат странски пари во медиумите, Ванхауте му одговори: Пораснете!

Од:

Пораснете и престанете да играте политички игри, мора да се однесувате како професионалци, му порача белгискиот експерт, Питер Ванхауте, на новинарот Драган Павловиќ – Латас на денешната средба со новинарите откако тој побара да се ограничат странските финансии во медиумите.

Ванхауте презентираше низа мерки за реформи во медиумите кои се предмет на преговори меѓу работните групи и рече дека новинарите треба да се фокусираат на тоа како да се донесе закон кој нема да биде рестриктивен, а кој ќе ја гарантира професионалноста и независноста на медиумите.

Како што рече тој се уште постојат големи несогласувања во преговорите меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, но дека се надева деновиве партиите да се договорат за пакетот закони.

Како што брифираше, копјата се кршат за Агенцијата за медиуми, составот и нејзиното функционирање.

Партиите се свесни, рече олеснувачот во преговорите, дека оној што има контрола врз Агенцијата, ќе може да ги контролира и медиумите. Затоа, додаде, е многу важно во Агенцијата да членуваат независни експерти и добри познавачи на оваа област.

Медијаторот предлага членовите на Советот во Агенцијата да се бираат со двотретинско мнозинство во парламентот, откако кандидатите прво ќе конкурираат на јавен оглас.

Апликантите би биле интервјуирани на јавна седница и би морале да исполнуваат голем број услови со што би се докажала нивната професионалност. Извршниот директор на Агенцијата би се бирал од страна на членовите на Советот и независно би го менаџирал ова регулаторно тело.

Уредникот на ТВ Сител на ова предложи двајца од членовите да се бираат од постоечките новинарски здруженија ЗНМ и МАН. Преку парламентот, рече тој, неминовно би дошло до партизација на Агенцијата затоа што, додаде, партиите во Собранието ќе коалицираат и ќе изберат свои луѓе.

-Ние нема да дозволиме понатамошна партизација на системот – дециден беше Ванхауте – Државата мора да се департизира, а членовите мора да ги избира некоја инстанца. Парламентот е најдобра опција затоа што сепак ги претставува граѓаните – одговори тој.

Предлозите на Ванхауте вклучуваат и зголемување на буџетот на МРТ така што би изнесувал еден процент од државниот буџет. МРТ би ги добивала средствата на почетокот на секој месец како би се гарантирала нејзината нрзависност.

Ванхауте предлага намалување на даноците за телевизиите од 18 на 5 отсто. Исто така јавниот сервис и комерцијалните медиуми да емитуваат бесплатно владини реклами, но само ако се од јавен интерес.

Целта на предлозите е да се намали рестриктивноста во постоечката регулатива. Во таа насока при прекршување на законите, Агенцијата прво би употребила форма на дијалог со медиумот за превенција на повторно прекршување, а потоа би одела на опомена.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Обвинителството го повлече обвинението против Латас за случајот „Тревник“

Катерина Ѓуровски

Латас и Лазаров не се чувствуваат виновни

Судењето против Латас и Лазаров одложено за 19 јуни

ВИДЕО: Латас и Лазаров пред судија – се одложи судењето за сексот во фиќо

А1он

Судот донесе решение: Латас остана без пасош, а нему и на Лазаров им е ограничен јавниот настап

А1он

Освен обинение, ОЈО бара на Латас да му се одземе пасошот, а тој и Лазаров не смеат да имаат јавни настапи

Горан Наумовски