Ласовска: ВМРО-ДПМНЕ успеа да спречи носење на штетен закон повторно со злоупотреба на Европското знаменце

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ денеска успеа да спречи носење на штетен закон повторно со злоупотреба на Европското знаменце за носење на закони по скратена постапка. Од дневен ред од Собраниска седница беше тргнат Предлог законот за социјална заштита.

Власта сакаше по скратена, нетранспаретна постапка, без јавна дебата, да биде донесен закон со кој што на маргинализирани и луѓе со хендикеп прво, им се ускратуваат права кои веќе ги уживаат, а притоа не задоволува ниедно од нивните барања. Ваквото предлог решение поднесено од ресорното министерството изминатото време предизвика лавина негативни реакции.

ВМРО-ДПМНЕ постојано реагира на злоупотребата на европското знаменце, како и во овој случај, кое што власта го злоупотребува. За ниедна од нотираните слабости од ЕК од таму не доаѓаат насоки да се злоупотребува транспарентноста и демократската процедура, а особено не кога станува збор за квалитетот на живот на маргинализирани групи.

Лицата со хендикеп на средбите со ВМРО-ДПМНЕ први укажуваа дека предлог законот целосно е спротивен на заложбите на нивните здруженија, дека предложениот текст ја прекршува конвенцијата на ОН за правата на лицата со посебни потреби, а дополнително им ги крати правата и можностите кои што до сега ги уживале.

За вакви законски ртешенија не смее да се злоупотребува политиката туку мора да се оди низ една транспарентна јавна дебата, и да се донесе вистинско законско решение, согласно потребите на граѓаните.

ВМРО- ДПМНЕ во отсуство на јасна визија во Владата кога станува збор за унапредување и олеснување на можностите и правата на оваа целна група, презема проактивна улога, искористувајќи ги сите демократски алатки за креирање и носење политики“, изјави Благица Ласовска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче