Ласовска: Битката за идентитетот не е завршена, ќе мора да се брани со сите средства

Од:

На 18-тата годишна Конференцијата на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ што се одржа денеска во Македонската опера и балет се обрати претседателката Благица Ласовска. Таа ги поздрави присутните на конференцијата, а упати посебен поздрав до како што рече „моите лавици, членките на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, горди и храбри жени“.

Ласовска посочи дека со над 50.000 членки и со 75 општински комитети на УЖ на ВМРО – ДПМНЕ може да се каже дека сите овие години граделе нови политики и платформи, промовирале нови стратегии за женската политика и за родовата еднаквост.

Претседателката на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ рече дека живееме во тотално поделено општество, непомирено општество, едните мислат дека се качиле на врвот на планината и гледаат како да ги уништат другите, притоа заборавајќи дека тој другиот е нечии негов далечен роднина или пријател. Оттука ги повика жените во Република Македонија на едно масовно женско обединување.

Ласовска се осврна и прашањето за името укажувајќи дека Македонија денеска е тема на влијателни медиуми кои прашуваат дали името Северна Македонија воопшто има национален идентитет.

„За жал или за среќа битката за идентитетот не е завршена, и она малку што остана од него ќе мора да се брани со сите средства. Македонските граѓани етнички Македонци, колку и да звучи ова нелогично во една национална држава ги очекуваат мачни обиди да го зачуваат својот идентитет како Македонци затоа што актуелните власти нема да им помогнат во таа битка“, рече Ласовска.

Укажувајќи дека на страна на Македонија е меѓународното право, меѓународните конвенции ги повика жените да тргнат кон едно големо напред, кон победа.

„Оти во секоја една од нас лежи една Параскева од драмите на Горан Стефановски, една Велика од безвремениот Пиреј на Петре. М. Андервски една Арбулика од Чинго, Чашулевата Магда. Во секоја од нас таи, Сара, Хасие, Милица, Дона и многу други. Ама секое таење може да прерасне во крик“, рече Ласовска.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање