Ласковска: Уапсете не и одземете ни го имунитетот на сите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, не правете шаради

Од:

Не стивнуваат тензиите во Комисијата за мандатно-имунитетни и деловнички прашања,на која се расправа по барањето на судот за симнување на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски во врска со настаните од крвавиот четврток. Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласковска, побара власта да не се мачи па секој две недели да организира шаради, туку на сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ наеднаш да им го симне имунитетот.

„Не се мачете, симнете ни го имунитетот на сите праtеници од ВМРО-ДПМНЕ, тука сме, уапсете не, не правете шаради.Пратеници чуле дека пратеник од власта пред две недели рекол-Трајко ќе си лежи. И мене ме интересира од каде знаел, и мене ме интересира кои се вистинските организатори на настаните од 27.април. Има список кои пратеници се следни за симнување имунитет“, рече Ласковска.

Му се обрати на претседателот на комисијата Павле Богоевски, дали знае дека командир во Шутка кај него на профил напишал дека ќе ги поздрават сите кои ќе дојдат во затвор лично од Богоевски, особено, како што цитираше, гнидите кои го тепале. Ова, рече, нема да го затвори ВМРО-ДПМНЕ и нема да го замолчи.

Богоевски реплицираше дека ова се нереални ставови, бидејќи нема колективно одземање имунитет, ниту одземање имунитет предвремено и со лично барање.

„Оној кој сам побара да му се одземе имунитетот лавовски побегна во Будимпешта и ве остави сами. Го осудувам пишуваното од командирот, но и го разбирам. Има многу револтирани од случувањата на 27.април. И јас не сакам сите да ги видам во затвор. Сакам во затвор да го видам Никола Груевски и двајцата патриоти бегалци“, одговори Богоевски.

Би можело да ве интересира

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски

Змија предизвика хаос во Собранието на БиХ: Поради „небезбедни услови“, седницата беше откажана, наредена е истрага

Алиу и Хоџа се дел од еден важен процес на освежување, вели Мицкоски

На собраниската седница во понеделник ќе се дебатира за новите кадровски решенија на Владата

Безбедносната зона околу Собрание не била за да нема протести, туку заштита од градење на приватни субјекти